Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Corinthians 8

:
Macedonian - 2006
1 Браќа, ве известувам за благодатта Божја, дадена на македонските цркви,
2 дека и покрај големото испитување во маката, нивната радост беше изобилна; и покрај нивната длабока сиромаш­тија покажаа големо богатство во нивната дарежливост,
3 зашто, според нивните можности, па дури и преку нивните можности, јас сум сведок дека тие даваа доброволно,
4 нѐ молеа многу усрдно да го прими­ме нивниот дар и учеството во прислу­жувањето на светиите;
5 и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја.
6 Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и меѓу вас да го заврши тоа дело на дареж­ли­воста.
7 И како што сѐ изобилува во вас: верата и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел.
8 Ова ви го велам не како заповед, ту­ку преку усрдност на другите да ја испитаме искреноста и на вашата љу­бов.
9 Бидејќи вие ја знаете дарежливоста на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија.
10 А со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои почнавте уште од минатата година, не само да го пра­вите, туку и да сакате да го правите.
11 А сега довршете го започнатото де­ло, та, како што имаше усрдност во ва­шето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според можностите.
12 Зашто, ако се има усрдност, таа е мила по тоа што ја има, а не по тоа што ја нема.
13 Затоа не сакам на другите да им би­де лесно, а вам тешко, туку подеднакво:
14 вашиот сегашен вишок да го дополни нивниот недостиг, та и нивниот вишок да послужи за вашиот недостиг, па да има еднаквост,
15 како што е напишано: „Кој собра многу, немал вишок; и кој малку, немал недостиг.“
16 Да Му благодариме на Бога, Кој во срцето на Тит положи толкава усрдност за вас.
17 Тој ја прифати мојата молба, и би­дејќи многу ревносен, доброволно тргна кон вас.
18 Со него го испративме братот, по­фалуван по сите цркви за неговото бла­говестие;
19 и не само тоа, туку црквите го из­браа за да нѐ придружува во тоа дело на дарежливоста, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и за нашата добра волја,
20 пазејќи се, да не нѐ укори некој по­ради обилните приноси, за чие собира­ње се грижиме ние.
21 Зашто ние се трудиме за доброто не само пред Господ, туку и пред луѓето.
22 Со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност многупати сме ја ис­пробале во многу работи, и кој сега е уште поревносен поради големата уве­реност во вас.
23 Што се однесува до Тит, тој е мој другар и соработник меѓу вас; а по од­нос на нашите браќа, тие се пратеници на црквите, Христова слава.
24 И затоа покажете им пред црквите доказ на вашата љубов и на спра­вед­ли­воста на нашите пофалби за вас.